logo
logo
logo

Едногласна пресуда: За казните за „Таргет -Тврдина“ се одлучувало во средата

Vecer | 26.02.2021

Едногласна пресуда: За казните за „Таргет -Тврдина“ се одлучувало во средата

Во моментот во Кривичниот суд се објавува пресудата за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното незаконско прислушување.

Токму пред изрекувањето на казните, судијата Владимир Туфегџиќ даде пауза од 5 минути, како спроведување на мерките за заштита од корона вирусот. Пред паузата, тој појасни дека пресудата била донесна пред два дена, на 24 февруари, и тоа како што рече едногласно.

Јасно е дека обвинетите ќе бидат осудени, бидејќи во образложението судијата истакна дека Сашо Мијалков бил организатор на масовното незаконско прислушување, но дилема се уште е висината на казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk