logo
logo
logo

Стоиљковиќ

Едно зборуват, а ДРУГО СЕ ПРЕГОВАРА ВО ПОЗАДИНА СО БУГАРИЈА

Vecer | 10.06.2021

Едно зборуват, а ДРУГО СЕ ПРЕГОВАРА ВО ПОЗАДИНА СО БУГАРИЈА

Тоа што се случува позади сцената во преговорите со Бугарија не кореспондира со изјавите на власта и затоа бараме јавно и пред јавноста да се објави за што се преговара, но и да се донесе одлука кој ќе биде од заеднички интерес на граѓаните на Република Македонија, изјави пратеникот Иван Стоиљковиќ на денешниот протест „Доста е, Излези за Македонија“.

Стоиљковиќ потенцира дека владата за штетните политики кои ги носи не дава никакво објаснување, така беше со кризната состојба, така е и со договорот со Бугарија и затоа се овие протести за алармирање на јавноста и да се доведе власта до ситуација да не донесе штетно решение за македонските граѓани.

- На овој начин се решивме да ја  алармираме македонската јавност да види што се случува и претставниците на власта јавно да се соочат пред се во Собранието на Република Македонија, каде што треба да се носат одлуки за најважните државни прашања како што се меѓународните договори, а овој договор длабоко засега во европската Конвенција за човекови права и слободи, така од ние ќе продолжиме со протести, истакна Стоиљковиќ

Тој вели дека со оваа власт единствено што има е пад на демократските процеси и затоа е многу важно  Владата да излезе и пред граѓаните и пред пратениците со сите информации за да можеме да имаме одлука која ќе биде во заеднички интерес на граѓаните на Република Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk