logo
logo
logo

ЕДНА ТРЕТИНА од вработените во јавниот сектор треба да бидат Албанци - ЌЕ СЕ МЕНУВА балансерот за вработување согласно ПОПИСОТ

Vecer | 16.08.2022

ЕДНА ТРЕТИНА од вработените во јавниот сектор треба да бидат Албанци - ЌЕ СЕ МЕНУВА балансерот за вработување согласно ПОПИСОТ

Министерството за информатичко општество и администрација пред неколку дена направи промени во балансерот за вработување во согласност со резултатите од последниот попис.

Имено, во балансерот се запишани повисоки проценти за застапеност на Албанците, Турците и Бошњаците, отколку што покажува пописот, додека помал е процентот за Македонци, Роми и Срби. Единствено е точен процентот на Власите во земјава.

Особена разлика се забележува кај Албанците, чиј процент во пописот изнесува 24,30 отсто, додека во балансерот пишува дури 31,54 отсто. Тоа значи дека според ваквата пресметка во државните институции ќе треба да се зголеми бројот на вработени албанци за 7,24 отсто. Кај останатите заедници разликата е максимум половина процентен поен.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, е дециден дека не се работи за поинаква пресметка. За Сител објаснува дека во балансерот се користи истата методологија од 2016 година, само промена има во инпутот на податоците, кои до сега се земале од пописот од 2002-та, а сега се од ланскиот попис и како основа се зема вкупното население, а не само резидентното.

Алити вели дека граѓаните кои не се изјасниле за својата етничка припадност во пописот, а кои претставуваат околу 6 отсто од вкупното население, се пропорционално распределени и додадени во графите на сите етникуми во балансерот и затоа се јавува разлика и несовпаѓање со бројките од пописот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk