logo
logo
logo

Една просечна плата не може да ги покрие трошоците на четиричлено семејство

Vecer | 09.04.2021

Една просечна плата не може да ги покрие трошоците на четиричлено семејство

Една просечна плата не му стигнува на едно семејство кое брои четири члена да ги покрие сите трошоци. Ова е заклучокот на Сојузот на синдикати на Македонија според кој пресметките за синдикална кошничка покажуваат дека минималните трошоци во март изнесувале 33 772 денари.

Најмногу од тие трошоци семејствата издвојуваат за храна и пијалоци или 42 проценти, додека за режиски трошоци и нивно подмирување отпаѓаат 32 проценти.

За превоз одат 7,4 проценти, па следат трошоците за хигиена и облека и обувки.

Платата која во јануари во просек б ила 28 272 денари не била доволна да ги покрие трошоците на семејствата кои според синдикалната кошничка тогаш изнесувале 33 650 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk