logo
logo
logo

Над 300 апликации, ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ВТОРИОТ ПОВИК ОД УНГАРСКИТЕ ПАРИ за капитални проекти во општините

Vecer | 13.03.2025

Над 300 апликации, ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ВТОРИОТ ПОВИК ОД УНГАРСКИТЕ ПАРИ за капитални проекти во општините

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како тече вториот јавен повик од проектот за капитални инвестиции од 250 милиони евра за општините, изјави дека засега состојбата е одлична, пристигнати се 340 проекти од 51 општина.

„Таму е одлична состојбата, повеќе од 338, 340 проекти веќе се пристигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли и 400, зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од 72 милиони евра, без оние средства коишто отидоа преку Министерството за транспорт“, истакна премиерот.

Целта на Владата, напомена Мицкоски е да се инвестира на цела територија на државата.

„Сега имаме 15 милијарди денари, 250 милиони евра. Секој ден сме присутни на некој нов проект, ве поканувам, во сабота во Студеничани. Таму почнуваме еден голем проект, тоа е за два дена од денеска. Така што на цела територија како што ветивме, без разлика на градоначалникот, дали е од опозицијата или од власта или е независен, ние имаме цел и намера да инвестираме на цела територија на државата“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk