logo
logo
logo

Единствена Македонија: Потребна е национализација на приватните болници

Vecer | 10.04.2021

Единствена Македонија: Потребна е национализација на приватните болници


Политичката партија Единствена Македонија преку соопштение порача дека е згрозена од информацијата оти 20-дневно лекување од коронавирусот во приватните болници изнесува 12.000 евра.

Единствена Македонија ја повикува владата да изврши целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки, оценувајќи дека такво нешто е потребно во ова тешко време со здравствена катастрофа.

„Ова е крајно морална и правична мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот“, велат од Единствена Македонија.

Како што се додава во соопштението, Единствена Македонија очекува од Владата прифаќање на оваа мерка.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk