Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ги намали цените на горивата во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година.
Како што соопштија оттаму, малопродажната цена на дизелот се намалува за 0,50 денари по литар, а на бензините се зголемува за истиот износ. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, а на мазутот се намалува за 0,796 денари по килограм.
Според одлуката од полноќ ќе важат следните цени
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм)
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата