Во Македонија повторно се распламти дебатата за правата на пушачите и непушачите, откако државата најави строги казни за прекршување на новиот закон за заштита од пушење.
Прашувањето кое гори на социјалните мрежи е едноставно, но комплексно: чие право е поважно – правото на пушачите на кои со закон пушењето не им е забрането но, им се оневозможува да го користат или правото на непушачите на кое мирзибата или чадот од пушење им пречи и се повикуваат на правото за чист воздух во ресторани и кафулиња?
Непушачите бараат да им се обезбеди средина во јавните простории во која тие нема да “трпат“ заради туѓата навика да се пуши, а пушачите од своја страна повикуваат дека пушењето не е законски забрането, и бараат компаративна анализа колку болести, смрт и социјални последици последици создава пиењето алкохол наспроти пушењето и бараат укинување на точење алкохол како што се бара укинување и на пушењето.
“Едно литро ракија дојде до цена на една кутија цигари, па нека објасни некој стручен што е повеќе штетно за човекот и околината - да испие литро ракијата денеска или да испуши кутија цигари?! се некои од прашањата кои се вртат по Твитер во полемиката.
Полемиките по социјалните мрежи се движат и во насока на чадот од автомобилите кој е најопасен за дишење но, на “дизелашите“ не им се ограничува право со простор и време да се движат по улиците?
Коментарите на граѓаните се разнородни и често жестоки. Еден дел од корисниците сметаат дека пушачите се себични, особено кога не се почитува здравјето на персоналот и присутните гости. Други, пак, предлагаат селектирани простори за пушачи и непушачи со што се решава проблемот со право на избор, предупредувајќи дека забраната може да го намали профитот на локалите и ги стави пушачите во неравноправна положба со тие што не пушат во пристап до рестораните и други простори од тој вид.
Има и оние кои потенцираат дека пушењето на отворено не смее да се забрани, и дека вистинската опасност е кај возачите под влијание на алкохол или дрога, а не кај цигарите. Некои, пак, предлагаат решението да е економско – повисока цена на цигарите како начин за намалување на пушењето.
Од другата страна, непушачите нагласуваат дека не сакаат да дишат чад, особено во затворен простор и во присуство на деца. Тие се согласуваат и сметаат дека законот е ригорозен, но неопходен за заштита на здравјето.
Јасно е дека прашањето бара средина и компромис: да се почитува правото на избор на пушачите, но и да се обезбеди здрав и безбеден простор за непушачите. Дебатата на социјалните мрежи продолжува, со лични напади, хумор, аргументи и емоции, што ја прави темата сè поподелена и контроверзна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата