Мицкоски на работен ручек со претседателката на Индија

ОВАА ИСТОРИСКА ПОСЕТА e чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави

Vecer | 21.07.2026

ОВАА ИСТОРИСКА ПОСЕТА e чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Мицкоски денеска имаше работен ручек со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Во пријателска и конструктивна атмосфера разговарале за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес.

Оваа историска посета претставува значаен чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави и потврда на заедничката определба за градење посилни врски во иднина, напиша премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk