logo
logo
logo

Пендаровски со признание: Мицкоски го одби пазарот за уставни измени и предвремени избори

Vecer | 02.06.2026

Пендаровски со признание: Мицкоски го одби пазарот за уставни измени и предвремени избори

Вчеравечер на телевизиско интервју, поранешниот претседател на државата и еден од главните идеолози на СДС, Стево Пендаровски, во интервју на јавниот сервис призна дека вработен од неговиот кабинет снимал видео и аудио од разговори на состаноци на државниот врв.

Според кажувањето на Пендаровски, на ваквите состаноци присуствувал Зоран Заев како премиер и останати лидери на политички партии на тогашната власт, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Освен тогашниот политички и државен врв, на ваквите состаноци во претседателскиот кабинет, кои, очигледно, лесно можеле да бидат снимени и изнесени надвор, Пендаровски вели дека присуствувале и амбасадори, меѓу кои е американската амбасадорка во тоа време, г-ѓа Кејт Мари Брнс и амбасадорот на ЕУ за Македонија, господинот Дејвид Гир кои давале предлози како побрзо и полесно да се дојде до уставни измени, со ова признавајќи дека странските амбасадори ја решавале судбината на Македонија, она што 7 години сите го знаеја за сервилното, безрбетно и оикофобно функционирање на владата на Заев и екипата во која беше и денешниот чувар на тронот Филипче.

Запрашан, дали широка коалиција е една од идеите на Американците во тоа време, Пендаровски вели дека тоа била една од работи кои не сакал јавно да ги каже, но сепак се одлучил да зборува, затоа што веќе е јавно промовирано од самиот поранешен премиер, Зоран Заев.

„Идејата за широка коалиција е дискутирана меѓу Заев и Мицковски, да се направи широка коалиција и две точки има тој, речи го, неформален договор. Прво, денес Бугари во устав, утре предвремени избори. ВМРО добива избори година дена минимум порано од регуларниот термин, а политичкиот товар го поднесуваме сите и после тоа тераме, не само кон Европска унија, него без таков товар тераме во развој на државата многу побрзо. Таа идеја ја поддржа дипломатијата меѓународна, вклучително и американската дипломатија. Сега кој бил прв. Меѓутоа јас знам дека Заев го објаснувал тоа во тогашниот врв на СДСМ и во владата“, рече Пендаровски, посочувајќи дека со оглед на актуелната ситуација, ваквиот предлог бил одбиен ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Посочи дека ова што е пробиено во јавност и за што пренесуваа медиумите, дека тоа се случувало на состанок во СДСМ било подоцна кажано, а како идеја за широка коалиција, постоела од порано.

Но, тоа што е важно и што може да се потврди и сега, овој непристоен предлог веднаш бил отфрлен од страна на, тогаш опозициската, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

Доказ за тоа е, прво дека предвремени избори не се случиле, односно во 2020 и 2024 година во Македонија се организираа редовни парламентарни избори редовните избори во 2020 година и 2024 година. Второ, уставни измени со цел внесување на Бугарите, до ден денес нема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk