Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15.25 часот.
Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Како што соопшти АМСМ, забраната е воведена од 16.20 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата