Денеска, (29.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче
Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија работна средба со
амбасадорот на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му
посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција, со желби
за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во
областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност
на министерството за внатрешни работи, за што се потврдија заложбите за искрена
соработка на овие теми.
-Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и
безбедноста на регионот, за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен
приоритет е склучувањето на билатералниот Договор за соработка во областа на
безбедноста кој е во фаза на заемно усогласување, велат од МВР.