Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека во последната година креирани се повеќе од 15.000 нови работни места, одговарајќи на новинарско прашање во врска со средствата кои како поддршка им се исплаќаат на компаниите и како тие се рефлектираат во економијата.
-Во моментов околу 710.000 има вработени и под 90.000 невработени кои се пријавени. Ако во овие под 90.000 невработени има околу 30.000 земјоделци, невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65 години, ќе дојдеме до бројка од повеќе од 35-40.000 невработени што претставува под 5 проценти од работоспособното население. Ова е историски најниско ниво, истакна Мицкоски.
Додаде дека мерките на владата кон компаниите значат поголема инвестициска активност.
-Ако се погледне номиналниот БДП, за 2026, ќе биде околу 22 милијарди долари. Кога овој период на оваа влада ќе се спореди со периодот на претходната влада, за трипати е поголем растото на номиналниот БДП во услови кога истиот во рамки на еврозоната расте под 1 проценти, посочи премиерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата