Сали: Обезбедени 65,7 милиони евра од Планот за раст на ЕУ како резултат на успешните реформи

Vecer | 21.05.2026

Сали: Обезбедени 65,7 милиони евра од Планот за раст на ЕУ како резултат на успешните реформи
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Република Македонија обезбеди 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, како резултат на реализираните реформи и конкретниот напредок постигнат во изминатиот период, изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали.

„Овој резултат претставува силна потврда за институционалната посветеност, меѓуинституционалната координација и сериозниот пристап во спроведувањето на Реформската агенда. Во третиот извештаен период државата пријави 21 реализиран реформски чекор, од кои 16 се позитивно оценети, а три чекори се реализирани пред предвидениот рок.

Во рамки на овој мониторинг циклус беа следени вкупно 44 реформски чекори, додека институциите продолжуваат интензивно да работат и на чекорите што се во грејс период до јуни и декември 2026 година, потенцира во изјавата Сали и додаде:

Реформите веќе носат конкретни резултати во клучни области, меѓу кои:

• нова методологија за финансирање на основното и средното образование; • интернет и ИТ-опрема во 160 основни училишта; • унапредување на дигиталните услуги и електронската идентификација; • реформи во управувањето со јавните финансии; • поголема институционална транспарентност и намалување на бирократските процедури.

Од обезбедените 65,7 милиони евра:

• 30,6 милиони евра директно ќе бидат префрлени во државниот буџет; • останатите средства ќе бидат наменети за развојни проекти и стратешки инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Овој резултат потврдува дека европската интеграција се претвора во конкретни инвестиции, реална поддршка и директни придобивки за граѓаните. Патот кон Европската Унија останува стратешки приоритет на државата, а институциите ќе продолжат со истата динамика во спроведувањето на реформите и европските обврски, рече Сали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk