logo
logo
logo

Николоски И ВО ГРЦИЈА ОДИ ПО ПРОЕКТИ, се договара соработка на коридорот 8

Vecer | 24.09.2025

Николоски И ВО ГРЦИЈА ОДИ ПО ПРОЕКТИ, се договара соработка на коридорот 8

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова, како што информира Кабинетот на Николоски, е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти.

-На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот.

Се истакна силната одлучност на двете влади за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата, како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји, наведува Министерството за транспорт.

Николоски и Казидакис заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk