logo
logo
logo

„Пржинската влада го отслужи своето и ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО МИНАТОТО“

Vecer | 09.02.2026

„Пржинската влада го отслужи своето и ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО МИНАТОТО“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека законското решение за изменување на Законот за Влада, со кое се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓа во завршна фаза.

Министерот истакна дека процесот се водел транспарентно и инклузивно, со активно вклучување и на опозициските политички партии.

„На лидерската средба ова прашање беше отворено како една од главните теми. Иако постоеја различни ставови, ние постапката ја водевме максимално транспарентно, со можност и опозицијата да учествува во креирањето на законското решение“ изјави Минчев.

Тој појасни дека нацрт-верзијата на законот била доставена до сите координатори на пратеничките групи во Собранието, со рок за доставување забелешки и сугестии, дел од кои биле прифатени.

„Прифатени се забелешките на опозицијата, односно барањата на СДСМ, дополнителните министри да бидат распределени во ресорите кои тие ги предлагаа“ нагласи министерот.

Како компромисно решение, прифатено е техничката влада да важи уште за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни, а потоа целосно да се укине.

Министерот потенцираше дека предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа.

„Овој закон се носи со 61 пратеник и без бадентерово мнозинство. Сметаме дека 100-те дена техничка влада сериозно го кочат интензитетот на реформите. Пржинската влада беше воведена во 2016 година за обезбедување фер и демократски избори, а по повеќе изборни циклуси со позитивни оценки, сметаме дека го исполни својот мандат и треба да остане во минатото“ заклучи Минчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk