logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење - „МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗУВА, НАША ОБВРСКА“

Vecer | 17.06.2026

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење - „МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗУВА, НАША ОБВРСКА“

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир.

Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во својата иднина.

На настанот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

-Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија - идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа, вели Мицкоски во видео пораката што ја објави на својот фејсбук профил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk