logo
logo
logo

ОД УТРЕ ПОЕВТИН БЕНЗИН, мала корекција на цената на дизелот

Vecer | 04.08.2026

ОД УТРЕ ПОЕВТИН БЕНЗИН, мала корекција на цената на дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,680 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на 5 нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,419 ден/кг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk