logo
logo
logo

„Бугарска агресија ЗА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ во Албанија“

Vecer | 15.09.2024

„Бугарска агресија ЗА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ во Албанија“

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа” упати остро реакција во врска со вчерашната бугарска донација за општина Пустец, оценувајќи ја како „продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија”.

-Упатуваме остра реакција кон општинската управа на Пустец, каде денеска во село Глобочани свечено отвораше модуларна амбуланта, донација од Бугарија. Ова не е ништо друго туку продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија, стои во реакцијата.

Дознаваме, се додава, дека освен претставници на општина Пустец предводени од градоначалникот Пали Колефски и заменик градоначалникот Јани Никола, присуствувала и бугарска делегација предводена од амбасадорот на Бугарија во Тирана, Ивајло Киров и Софика Мале претставник на Фондацијата „Блгарски Памет”.

– Управата на општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда и бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знае дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците како Бугари во Албанија а не дека придонесе за подобрување на благосостојбата на жителите, се посочува во реакцијата на „Друштво Преспа”.

Денеска фондацијата ” Бугарска меморија” во присуство на амбасадорот Киров ја предаде донацијата во селото Глобочани, каде ќе биде лоцирана целосно опремена модуларна болница. Донирани се и клупи кои ќе бидат поставени во центрите на селата, како и апарати за копирање и принтери за потребите на општинската администрација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk