logo
logo
logo

На Филипче МУ ГО ХАКИРАА ФЕЈСБУКОТ (ФОТО)

Vecer | 15.01.2025

На Филипче МУ ГО ХАКИРАА ФЕЈСБУКОТ (ФОТО)

Од негово име од истиот се шири лажен повик за „приватно здравствено осигурување во соработка со американски лекари“.

 Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска за Слободен печат изјави дека профилот е веќе пријавен и лажен. Препораката е граѓаните да не стапуваат во контакт со истиот поради можноста хакерите да ги доведат граѓаните во заблуда и да бараат од нив банкарски податоци преку кои подоцна може да им ги испразнат сметките.

Пред половина час на Фејсбук профилот на Венко Филипче беше објавена чудна, лажна содржина односно некој во негово име ги повика граѓаните да се „регистрираат за здравствено осигурување во соработка со неколку ценети лекари од САД“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk