logo
logo
logo

Мицкоски: Враќаме 2,5 милијарди евра стари долгови, оваа Влада се грижи за државата

Vecer | 01.04.2026

Мицкоски: Враќаме 2,5 милијарди евра стари долгови, оваа Влада се грижи за државата

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштањето во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во Општина Гази Баба, каде и одговараше на новинарски прашања.

Во рамки на можностите на Буџетот, ние оваа година треба да вратиме две ипол милијарди евра стари долгови направени од претходната Влада. Во моментот се врши исплата на т.н. Солидарен данок, прва рата во вредност од 1.5 милијада, тоа се 250 милиони евра од претходната Влада, потенцира Мицкоски.

Премиерот истакна дека во моментот ги сервисирааат сите обврскии и недовршени работи од претходната Влада и дека тоа е факт.

-Ние како Влада мораме ова да го завршиме затоа што, за разлика од претходната Влада на СДСМ и ДУИ, оваа Влада се грижи за граѓаните и се грижи за Македонија како држава, потенцира Мицкоски.

Премиерот нотира дека во зависност од ресурсите со кои што располагаат такви мерки прават.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk