logo
logo
logo

Џафери најави дека постапката за внесување на Бугарите во уставот треба да започне во јуни

Vecer | 24.01.2023

Џафери најави дека постапката за внесување на Бугарите во уставот треба да започне во јуни

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најави дека постапката за уставни измени би требало да започне најдоцна во јуни-јули годинава и да заврши до ноември, кога е предвидено и да заврши скринингот на ЕУ. Уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот се услов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ по завршување на скринингот. На денешниот брифинг со новинарите, Џафери рече дека избори нема да помогнат да се обезбедат 80 гласови за уставните измени, туку, напротив, ќе ја искомплицираат работата. Тој смета дека проблемот може да се надмине ако седнат да разговараат власта и опозицијата. Собранискиот спикер се пожали дека парламентот речиси и да нема кворум за работа, но вели дека тој може само да создаде услови за работа, бидејќи тоа е единствена негова одговорност. „Деловникот не вика дека има посебни права и обврски на мнозинството и посебни права на опозицијата, обврска е за секој пратеник да биде на работно место и право да одлучува по односните прашања а како ќе се однесуваат пратениците тоа си е веќе нивна одговорност“, кажа Џафери. Џафери смета дека нема потреба за седница за односите со Бугарија на која би реферирал министерот за надворешни работи Бујар Османи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk