logo
logo
logo

ДВЕ МИНИ ГО ПРЕКИНАА УТРОТО, ОСТАНАА 25 ГОДИНИ СПОМЕНИ - Масакрот кај Љуботенски Бачила

Vecer | 10.08.2026

ДВЕ МИНИ ГО ПРЕКИНАА УТРОТО, ОСТАНАА 25 ГОДИНИ СПОМЕНИ - Масакрот кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, во еден од најтешките инциденти во вооружениот конфликт во Македонија, осум припадници на резервниот состав на Армијата загинаа, а уште осуммина беа повредени кај Љуботенски Бачила. Воен камион на АРМ, кој превезувал муниција, околу 8 часот наутро налетал на две противтенковски мини поставени на патот, по што следувала повеќечасовна престрелка меѓу припадници на ОНА и армиските сили. Во текот на борбите биле употребени и хеликоптери Ми-24, по чие дејствување формацијата на ОНА се повлекла. Денес, 25 години подоцна, трагедијата кај Љуботенски Бачила останува едно од најтешките сеќавања од конфликтот во 2001 година.

Жртви на трагичниот настан биле:

Томе Бадаревски – 33 години

Марјанчо Бошковски – 28 години

Томе Димовски – 37 години

Ивица Златевски – 24 години

Бранко Јанев – 36 години

Раде Јанковски – 32 години

Томислав Настевски – 27 години

Гоце Чанкуловски – 39 години

По повод годишнината, делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина загинати припадници на резервниот состав на Армијата.

Во рамки на одбележувањето, делегацијата ќе положи цвеќе и венци на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители.

Првата активност е предвидена во 8 часот кај спомен-обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров. Во 8:30 часот ќе биде оддадена почит и кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково.

Во 10 часот делегацијата ќе положи венци кај споменикот на загинатите бранители во селото Љубанци, додека во 12 часот ќе биде положено цвеќе и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk