logo
logo
logo

Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси

Vecer | 27.03.2024

Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси

Две лица се приведени, а полицијата врши претреси во врска со случајот на неодамнешното убиство на матичниот лекар во кругот на поликлиниката Железара.

Ова вечерва го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој посочи дека за овој предмет СВР Скопје вложи „огромна енергија“.

„Во овој предмет се преземени над 20 истражни дејствија по наредба на јавен обвинител. Разгледани се преку 50-ина видео записи. Во овој момент се постапува по наредба се врши претрес, имаме осомничени лица за настанот. Има материјални траги кои водат до осомничените, а приведени се две лица“, нагласи Тошковски.

Министерот истакна дека, според информациите со кои во моментов располага, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

Во саботата во Скопје беше погребан 67 годишниот Ацо Трпковски,  матичен лекар од поликлиниката „Железара“ кој беше пронајден избоден до смрт во својот автомобил на местото на неосветлениот паркинг во близина на работното место.

Во четвртокот, на 21-ми март малку по 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника „Железара“, со убодни рани по телото бил пронајден лекарот. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот беше предадено на обдукција, како што тогаш соопшти Министерството за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk