logo
logo
logo

Двајца Албанци краделе на ангро во регионот на Врапчиште

Vecer | 23.03.2021

Двајца Албанци краделе на ангро во регионот на Врапчиште

Доцна синоќа, односно во 22: 30 часот во с.Неготино, Гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Д.(20) и  К.Д.(22), двајцата од Република Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.

При претресот реализиран од 22 до 23 часот, со судска наредба, во просториите во кои тие престојувале, биле пронајдени и одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите. Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk