logo
logo
logo

Епидемијата без контрола

Два месеци приказни, а ВАКЦИНИ – НЕМА

Vecer | 02.03.2021

Два месеци приказни, а ВАКЦИНИ – НЕМА

Повеќе од 2 месеци министерот за здравство Венко Филипче и владата ја убедуваат македонската јавност дека ќе пристигнат вкацините на Фајзер, но исто толку време приказната за истите е различна, а изјавите од ден во ден се менуваат.

- Најпрвин Филипче на 30 декември 2020 година изјави дека е  постигнат директен договор со компанијата Фајзер, а количина ќе биде позната во текот на следните недели.

- Само што започна новата година, веќе на 4 јануари, повторно Филипче изјави дека договорот бил дефиниран утрото во телефонски разговор со висок претставник на Фајзер, соопштувајќи дека договорени се 800.000 вакцини, од кои првите 5.850 дози вакцини требаше да пристигнат во февруари, потоа поголема количина во март, април, со дополнително утврдување на динамиката за цела 2021 година.

- Потоа на 16 јануари повторно Филипче изјави дека се разговара со сите земји во регионот, а за кратко време ќе го склучиме договорот и резервирани се дозите со таа динамика како што од „Фајзер“ беше најавено: 5 850 дози во февруари, 17500 во март и април.

- На 19 јануари од министерството за здравство за медиумите соопштија дека договорот со Фајзер бил во финална фаза

- 27 јануари на владината 42 седница беше соопштено дека Владата е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака во наредните месеци.

- Дојде 3 февруари беше соопштено дека се чека на допрецизирање на договорот од Фајзер

- Потоа, на 11 февруари министерот  Филипче изјави дека драфтот на договорот треба да пристигне на почетокот на следната недела, понеделник или вторник. Што значи дека драфтот требаше да пристигне на 15 или 16 февруари

- Сепак, дојде 21 февруари, драфтот не пристигна, а власта рече дека се уште се очекува директниот договор со Фајзер

- На 26 февруари беше речено дека се финализираат прашањата во договорот со Фајзер.

Сепак дојде и март ниту договор, а ниту вакцини нема, а вчера беше соопштено дека се чекаат и информации од преставништвото на Фајзер кога ќе пристигне  драфт договорот од нивната канцеларија во Њујорк.

Изминаа повеќе од два месеци или точно 62 дена, а власта од постигнат директен договор со Фајзер и првите вакцини во февруари, стигна до чекање на драфт договорот за кој ни смаите не знаат  кога ќе дојде. Два месеци приказни, а вакцини нема

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk