logo
logo
logo

Николоски

ДУИ се враќа на корените со зелената агенда, ОД ПЛАНИНА ВО 2001 СТАРТУВАА КАКО ПАРТИЈА

Vecer | 05.06.2021

ДУИ се враќа на корените со зелената агенда, ОД ПЛАНИНА ВО 2001 СТАРТУВАА КАКО ПАРТИЈА

ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001-та година како зелена партија од горите и планините на Македонија, изјави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за зелената агенда на ДУИ.

- Прво очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн, рече Николоски.

Според него тоа се видени финти, нема друг збор освен финти кои што не поминуваат кај гласачите.

- Во однос на она што го кажа Али Ахмети сакам да кажам две работи. Прво е дека очигледно ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата, и второ дека ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 та година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените, изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk