logo
logo
logo

ДУИ: Наскоро ќе биде подготвен шестиот пакет економски мерки

Vecer | 19.04.2021

ДУИ: Наскоро ќе биде подготвен шестиот пакет економски мерки

ДУИ го поздрави вчерашното донесување на петтиот пакет економски мерки, нагласувајќи дека доцнењето на помошта за граѓаните и фирмите се должи на блокадите и опструкциите од страна на опозицијата.

Партијата нагласува дека при вчерашното гласање не биле присутни пратениците - претседатели на двете опозициски партии на Албанците што го оценува како нивна негрижа за потребите на граѓаните од кои го добиле гласот на изборите. ДУИ најавува дека наскоро ќе биде подготвен и шестиот антикризен пакет.

„По одобрувањето на четвртиот и петтиот пакет, се подготвува и шестиот пакет на економски мерки, во кои ќе бидат вклучени субјектите кои беа затворени во последните 14 дена. Овој пакет се очекува да се најде на дневен ред на следната седница на Владат. Во шестиот пакет ќе има десетици мерки кои компаниите ќе можат да ги искористат за да се опорават од загубите предизвикани од пандемијата со ковид-19“, соопштиува ДУИ.

Партијата нагласува дека причините за одложувањето на усвојувањето на законите што произлегуваат од петтиот економски пакети се јасни - опозицијата со своето отсуство го држеше во заложништво кворумот во Собранието со цел да не се одржи седницата.

„Почнувајќи од денес, граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од мерките на петтиот економски пакет, на нивните сметки ќе бидат уплатени платите за месеците февруари и март, а компаниите ќе можат да аплицираат за овие мерки до 30 април“, соопшти ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk