logo
logo
logo

Државата ќе даде 2,9 милиони евра за картичките за бесплатната патарина за српските туристи

Vecer | 25.05.2021

Државата ќе даде 2,9 милиони евра за картичките за бесплатната патарина за српските туристи


Државата ќе даде околу 2,9 милиони евра за изработка на картичките за бесплатната патарина за српските туристи.

Владата вети дека ќе ги ослободи српските државјани од патарина за време на летната сезона во знак на благодарност за вакцините кои Србија ѝ ги донира на Македонија.

„Министерството за финансии е задолжено да префрли средства во износ од 172.000.000 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија“, соопштија од Владата.

Министерството за внатрешни работи ќе биде задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат во Македонија преку Граничниот премин Табановце.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk