logo
logo
logo

„ДРЖАВА НЕ СЕ ГРАДИ САМО СО ИЗБОРИ“ – Силјановска-Давкова: Без функционални институции нема силна држава

Vecer | 07.09.2026

„ДРЖАВА НЕ СЕ ГРАДИ САМО СО ИЗБОРИ“ – Силјановска-Давкова: Без функционални институции нема силна држава

Независноста не се потврдува само со избори и формирање институции, туку со нивното континуирано зајакнување и создавање функционална демократија, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова на панел-дискусијата „8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци“. Осврнувајќи се на значењето на АСНОМ и патот на државата низ изминатите децении, таа истакна дека силна и демократска држава се гради преку почитување на правото, заштита на човековите права и институции кои навистина функционираат. На настанот, посветен на Денот на независноста, учествуваат и поранешни пратеници, министри и други јавни личности, кои од своја перспектива зборуваат за создавањето на независна држава и предизвиците со кои се соочувала и соочува Македонија.

„Асномскиот завет кој вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме. По мое мислење, умерените и умни лидери во деведесеттите години биле Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдураман Алити… кои успеаја од тој вртлог на војна со своето знаење и мудрост, но и државничкиот однос на еден умерен начин да исчекорат, и тоа е многу важно. Според еден научник, може за шест дена да скицирате устав, може за шест месеци да зацртате либерална економија, ама ви требаат шеесет години да изградите функционална демократија. Таа не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право“, нагласи Силјановска-Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk