logo
logo
logo

ДРАМА ВО ОПШТИНА КАРПОШ: Љубовен триаголник заврши со ќотек!

Vecer | 26.07.2021

ДРАМА ВО ОПШТИНА КАРПОШ: Љубовен триаголник заврши со ќотек!

Во општина Карпош во текот на денешниот ден по претходна расправија, вработен бил нападнат со остар предмет, по што интервенирала и полицијата. Повредениот бил пренесен во болницата „8 ми Септември“ поради потреба од лекарска помош.

- На 26.07.2021 во 11:30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Според неофицијални информации, како што пренесува Курир.мк, настанот се случил поради љубовен триаголник - вработениот во општината подолг период бил во врска со мажена жена, а сопругот е сторителот на нападот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk