logo
logo
logo

Драма на скопксиот аеродром - Приведена професорка од Правниот факултет

Vecer | 27.09.2021

Драма на скопксиот аеродром - Приведена професорка од Правниот факултет

Рано утринава се случувала вистинска драма на скопскиот меѓународен аеродром.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 02:30 часот полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање.

Според полицијата, таа непристојно и дрско се однесувала и ги навредувала полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Неофицијално, станува збор за професорка на скопскиот правен факултет, која всушност направила инцидент кога и била побарана потврда за вакцинација, а иницијалите упатуваат дека најверојатно станува збор за Каролина Ристова Астеруд.

Нејзе и бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk