logo
logo
logo

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Vecer | 30.04.2024

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Министерството за правда известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Палевски е во екстрадициски притвор во Турција, каде беше приведен од тамошните власти по распишана потерница.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk