logo
logo
logo

ДОЖДОТ НЕМА ДА НЕ НАПУШТИ УШТЕ НЕКОЈ ДЕН, ама барем ќе остане топло

Vecer | 12.03.2025

ДОЖДОТ НЕМА ДА НЕ НАПУШТИ УШТЕ НЕКОЈ ДЕН, ама барем ќе остане топло

Времето денеска променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.

Попладне, а особено во текот на нокта повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Минималната температура ке биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, a максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо. облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2), во форма на невреме проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Поинтензивни процеси ке има утре во вечерните часови во текот на нокта и во четврток претпладне. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок.

Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓанье на дневните температури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk