logo
logo
logo

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

Vecer | 05.10.2024

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во  апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една  кривична пријава поврзани со „Конти“.

Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.

„Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам огромна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава. Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година. И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме“, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk