logo
logo
logo

Дорис Пак со поддршка за Данела Арсовска: Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник

Vecer | 28.10.2021

Дорис Пак со поддршка за Данела Арсовска: Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник

Дорис Пак, Претседателката на асоцијацијата на жени во ЕПП во видео  обраќање ја искажа својата поддршка за Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер. Која ќе биде во служба на сите граѓани - Данела Арсовска.

Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје.

Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани.

Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката.

Како претседател на ЕПП Жени, јас и честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври.

Се најдобро! Ви стискам палци!, рече Дорис Пак.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=SDKQIEM8ZJc[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk