logo
logo
logo

Донесена ОДЛУКА за прогласување КРИЗНА СОСТОЈБА во следните 30 дена во целата држава

Vecer | 05.08.2021

Донесена ОДЛУКА за прогласување КРИЗНА СОСТОЈБА во следните 30 дена во целата држава

Владата ја усвои одлуката за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава, информира Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Груби се надева дека прогласувањето на кризна состојба заедно со забраната за движење во шумите ќе придонесе во намалување на пожарите.

– Денеска се перистигнати екипи од Словенија, при што директорот на Дирекцијата за заштита и спасување веќе е на пат кон Берово да се сретне со екипите и се обидуваме со целосна мобилизација на сите наши инатитуционалнаи капацитети да се справиме со пожарите. Гледате дека не само во целиот регион туку секаде низ светот беснеат пожари во вој период. Се надевам дека прогласувањето на кризна состојба заедно со забраната за движење во шумите ќе придонесе во намалување на пожарите.Директорот утрово ме информира дека се е под контрола и се справуваме соодветно, рече Груби, по денешната тркалезна маса по повод 20 години Рамковен договор.

Апелира до граѓаните да бидат што е можно посовесни, затоа што, како што рече, во огромен случај пожарите се предизвикани од човечки фактор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk