logo
logo
logo

Дојран нуди попусти и ГАГА ПАРКИНГ за српските туристи

Vecer | 15.04.2021

Дојран нуди попусти и ГАГА ПАРКИНГ за српските туристи

Градоначалникот на Дојран Анго Ангов и директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг.

Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.

Овој гест следува како одговор на наедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.

– Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија, но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација,велат Ангов и Јаневски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk