logo
logo
logo

Ковачевски, Петков, Генчоска и Османи

Тие на иста маса, договорот никогаш подалеку (ВИДЕО)

Vecer | 23.05.2022

Тие на иста маса, договорот никогаш подалеку (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска оствари средба со неговиот бугарски колега Кирил Петков, соопшти владината Прес-служба.

– На средбата, на која присуствуваа и министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска, премиерите Ковачевски и Петков имаа конструктивен разговор не само за отворените политички прашања туку и за економската криза со која се соочува целиот свет. Истакнато беше дека Владата на Македонија има јасна цел која се однесува на справување со кризата, заштита на стандардот на најранливите категории на граѓани, поддршка на компаниите за да бидат ликвидни и обезбедување на соодветни инвестиции кои ќе го покренат економскиот раст, се наведува во соопштението.

На средбата, премиерите Ковачевски и Петков, од ресорните министри беа информирани за разговорите на министерско ниво, за што се согласија дека е потребно истите да продолжат со цел да се дојде до документ кој би бил прифатлив за двете држави и би можел да претставува основа за решение коешто би можело да биде споделено со институциите во двете држави.

– Средбата се искористи и за разговор врзан за потребата од продолжување на дијалогот за деблокирање на процесот за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ. Премиерот Ковачевски во разговорот со премиерот Петков истакна дека за двете земји од најголема придобивка е процесот на пристапување да се откочи со решенија засновани на европски вредности поддржани и прифатени од двете страни со почитување на достоинството на граѓаните, се додава во соопштението.

-Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу нашите две земји да се обидат да провоцираат. Најважно за Владата на Бугарија и за Владата на Северна Македонија во овој момент е да имаме конструктивен дијалог, преку кој ќе можеме да продолжиме во насока на добрососедство, што го посакуваат двете страни.

Ова го изјави премиерот Кирил Петков по средбата во Рим со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

-Не смееме да дозволиме провокациите да ја поставуваат агендата на нашите билатерални односи, рече бугарскиот премиер.

-Не се обврзавме на никакви рокови, си ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон, истакна Петков и ги отфрли сите гласини за поединечни или еднострани одлуки врз основа на лажни информации.

Бугарскиот премиер истакна дека пред својот колега од Северна Македонија истакнал и дека кај нас последен мандат за секоја одлука на темата е Народното собрание.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk