logo
logo
logo

„Економист“:

„Договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе пропадне – се вметнуваат историски прашања од 10 век!“

Vecer | 04.08.2022

„Договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе пропадне – се вметнуваат историски прашања од 10 век!“

„Веројатно е дека договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе пропадне. Тој и донесува проблеми и на ЕУ.“ – констатира британски „Економист“ во својата анализа, која „Нова Македонија“ ја пренесува под наслов „Зошто договорот меѓу Македонија и Бугарија носи проблеми и за ЕУ?“

„Анализа на британски ‘Економист“

„Нова Македонија“ пренесува: „Изгледаше како добра вест од Западен Балкан кога Македонија на 19 јули ги отвори пристапните преговори со Европската Унија. Но радоста беше краткотрајна. Решението со Бугарија врз основа на францускиот предлог ќе ја попречува кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ. Ќе донесе проблеми и за други држави, што сакаат да му се придружат на европскиот блок. Што содржи договорот и зошто е веројатно дека ќе пропадне?’ – пишува британски ‘Економист’ во анализата за спогодбата.“

„Се чинеше дека компромисот предложен од Франција ќе понуди излез од ќорсокакот. Но изгледот може да измами. Договорот официјално ги внесува историските меѓудржавни спорови во преговарачката рамка на ЕУ. Мешовитата историска комисија веќе работеше на нивно разрешување. Но сега, според договорот, ако Македонците не се согласат со толкувањето на бугарската страна, нема да продолжи пристапниот процес, врз кој секоја членка на ЕУ може да стави вето во секоја фаза.’ – наведува ‘Економист’. Тој додава дека Македонија, според договорот, треба да направи и уставни промени, за да им удоволи на бугарските барања.“

„Спогодбата поставува и загрижувачки преседан, според британскиот магазин. Пристапниот процес вообичаено вклучува проценка на силните страни на економијата и на политичките и судски институции на земјата-кандидат. Сега во случајот на Македонија во процесот се вметнати и историски прашања, кои датираат до 10-от век.“

„Се посочува и дека Хрватска, која е членка на ЕУ, би можела да се покаже подеднакво тврдокорна кон земјите од Балканот, што не се во Унијата. Во прилог на ова тврдење е посочена листа барања од хрватската Академија на науки и уметности, која смета оти хрватската влада треба да им ја наложи на Србија, Црна Гора и БиХ, ако сакаат да влезат во ЕУ. Се смета и дека Полска би можела да има слични барања за Украина.“

„Спорот меѓу Бугарија и Македонија беше засрамувачки за лидерите на ЕУ. ЕУ беше основана за да ги разреши споровите помеѓу членките. Сега ризикува да ги засили.’– заклучува ‘Економист’.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk