logo
logo
logo

Договорено да се смени името и на Самоиловата тврдина во Охрид?!

Vecer | 20.06.2022

Договорено да се смени името и на Самоиловата тврдина во Охрид?!

Бугарската агенција БГНЕС пренесува дека од работата на Заедничката историска комисија договорено е да се заменат натписите на спомениците на Цар Самоил и да се промени името на Самоиловата тврдина во Охрид.

- Комисијата за последните четири години од својата работа констатирала договор за св. Свети Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум и за Цар Самуил. Од нив, во записникот експлицитно е споменат само Цар Самоил, а предвидено е да се заменат натписите на неговите споменици во Република Македонија и конкретно на тврдината во Охрид, согласно формулата договорена од Мешовитата историска комисија. Предвидена е и непосредна измена на учебниците посветени на Цар Самуил во наставната програма за VII одделение на македонските училишта, согласно постигнатата компромисна формула, објави информативната агенција агенција.

Во документот предложен од францускиот претседател Емануел Макрон за деблокада на евроинтеграциите за Македонија се предвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година.

Во текстот на протоколот не се вклучени историските теми „Гоце Делчев“, „Илинденско востание“ и „ВМРО“ експлицитно спомнати во Рамковниот став, кои се спорни теми меѓу двете национални историографии.

- Нивното отсуство, како и воопшто на поновата историја, како и некој механизам за постигнување резултати за тоа во историската комисија, е сериозен проблем на целиот документ, анализира БГНЕС.

Како што се посочува главното прашање меѓу првата и втората меѓувладина конференција е прифаќањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. „Дополнително, се потврдува и заложбата на Скопје за немешање во внатрешните работи на Бугарија, што практично значи откажување од претензиите за македонско малцинство во нашата земја“, тврди новинската агенција повикувајќи се на текстот на документот кој го имаат кај себе.

Притоа се оценува и дека „македонските историчари од Заедничката историска комисија категорично одбиваат да признаат дека Бугарите живееле во Македонија во минатото, па дури и го оспоруваат правото на сите национални преродбеници и револуционери да се самоидентификуваат како Бугари“.

Документот предвидува најмалку 8-10 состаноци годишно на Историската комисија, меѓутоа како што анализира БГНЕС протоколот не предвидува механизам за постигнување конкретни резултати, ниту пак „санкција“ во отсуство на резултати.

извор: novatv.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk