logo
logo
logo

„Младите од Македонија заминуваат по белиот свет, А ВЛАСТА УВЕЗУВА РАБОТНИЦИ ОД ИНДИЈА“

Vecer | 28.05.2023

„Младите од Македонија заминуваат по белиот свет, А ВЛАСТА УВЕЗУВА РАБОТНИЦИ ОД ИНДИЈА“

Втор ден сме во општина Лозово и втор ден се соочуваме со секојдневните проблеми кои ги имаат граѓаните. Откупот на грозје е најголем проблем во општина Лозово, десниот магистрален канал целосно руиниран, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Тој додаде дека голем проблем е што во овој крај питка вода за пиење од хидросистемот Злетовица нема, а властите молчат.

- Дополнително на тоа увозот на евтина работна сила  од Индија веќе е реалност во нашата држава. Нашите млади образовани кадри заминуваат, работат по белосвет, а во нашата држава се увезуваат Индијци за работа, изјави Мицевски.

Тој прашува дали се ова ветувањата за живот кои ги даваше СДС, Зоран Заев, а сега продолжува и Ковачевски како подизведувач на ДУИ

- Затоа во коалиција со народот ВМРО-ДПМНЕ има решенија за овие проблеми. Заедно ќе направиме промени, кои ќе донесат подобар и достоинствен живот во Македониј, истакна Мицевски.

https://youtu.be/MzIk8WBYxww

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk