logo
logo
logo

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: Од следната недела температурите до -17

Vecer | 12.02.2021

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: Од следната недела температурите до -17

Од УХМР за следните денови најавуваат многу студен бран, а утрински температури, според најавите, ќе се спуштат до -17 степени. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер.  

Како што информираат од таму, за време на викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.  Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во југозападните делови снежната покривка некаде ќе надмине 20 сантиметри.

Утре утринската температура ќе биде од -4 до -10, а дневната од -5 до еден степен. Во недела ќе падне на -11 до -5 во утринските часови, а дневната ќе се движи од -8 до нула степени.

Утринските температури ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната недела и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Според прогнозата, во среда утринските температури ќе бидат најниски, од -17 до -8 степени,  а дневните ќе се движат од -8 до три степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk