logo
logo
logo

До крајот на неделава ДОСТАВА НА ДЕФИЦИТАРНИТЕ ЛЕКОВИ НА ОНКОЛОГИЈА

Vecer | 22.04.2025

До крајот на неделава ДОСТАВА НА ДЕФИЦИТАРНИТЕ ЛЕКОВИ НА ОНКОЛОГИЈА

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, информираат денеска од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).

– Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија. Управна контрола во Бирото за јавни набавки е завршена во рекорден рок. Моментално тече рокот за жалби и предметот на јавна набавка во моментот е во Државната комисија за жалби по јавни набавки, појаснуваат од клиниката.

Истакнуваат дека тимот за јавни набавки на оваа клиника напорно работи да ги заврши сите процедури во најбрз можен рок, за да може да се попишат договорите со дистрибутерите и лековите да се достават на клиниката до крајот на неделава.

Од клиниката за МИА појаснуваат дека во постапка се вкупно 40-тина ставки, вклучувајќи ги и оние што моментално се дефицитарни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk