logo
logo
logo

До каде е тужбата на Катица против Русковска? Адвокат на Јанева и е синот Лазар

Vecer | 21.06.2021

До каде е тужбата на Катица против Русковска? Адвокат на Јанева и е синот Лазар

Денеска во Основниот суд Скопје 2 се одржало ново рочиште во случајот на Јанева против Русковска на кое не се појавила обвинителката Русковска, но нејзиното присуство не е задолжително, поради што судењето се одржало.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ја тужи за клевета шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Тужбата Јанева ја поднела бидејќи во декември минатата година, обвинителката Русковска, гостувајќи во телевизиска емисија, кажала дека Јанева земала пари во повеќе случаи за повлекување на барање за притвор. Обраната тврди дека екс шефицата на СЈО не земала пари ниту за случајот „Рекет“, ниту пак за некој друг случај.

На денешното рочиште сведочеа членови на Државниот завод за ревизија, кусо изјави за „Фокус“ адвокатот Лазар Јанев, кој е и син на Јанева.

На денешното рочиште не се појавила ниту обвинителката Ивана Трајчева која требало да сведочи.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk