logo
logo
logo

До 21ч спие вирусот, а по 22 заразува: Бурни реакции по прогласувањето полициски час!

Vecer | 09.03.2021

До 21ч спие вирусот, а по 22 заразува: Бурни реакции по прогласувањето полициски час!

Многу граѓани не гледаат никаква логика во прогласувањето на полициски час од 22 часот, со оглед на тоа што угостителските објекти работат до 21 часот, пишува Скопје Инфо.

Веќе и официјално е воведен полициски час од 22-05 часот, на територија на цела Македонија, кој започнува од 10 март, а ќе трае се до 22 март.

Оваа вест, сосема очекувано наиде на голем број противења и неодобрувања кај граѓаните, кои сметаат дека за оние кои и онака ги почитуваат мерките на претпазливост, полициски час не е потребен.

Секако, не изостануваат ниту веќе познатите коментари „До 21ч спие вирусот, а по 22 заразува“.

Особен гнев предизвикуваат и секојдневните полициски извештаи дека постојано се затвораат угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите за заштита, но и работеле по 21 часот.

Според многумина, токму вечерните прошетки биле начин на релаксација после работен ден, а сега ниту тоа нема да им биде дозволено цели две недели, како што велат, „поради туѓа несовесност“.

„Здравјето на граѓаните не престана да ви биде политика!“, „Полициски час од 22, да доработат кафаните прво...“, „8-ми март е еднаш годишно и мора да се фати корона за да се памети“, се само дел од многубројните реакции на социјалните мрежи.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk