logo
logo
logo

Димовски: Досега не се случило ваков пример, партиски соработници на премиер да бидат бирани за Уставни судии

Vecer | 08.06.2021

Димовски: Досега не се случило ваков пример, партиски соработници на премиер да бидат бирани за Уставни судии

Во овие 30 години не се случило членови на високи раководни структури на партија да бидат избрани за Уставни судии, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, во однос на предлогот на Цветанка Иванова и адвокат од Битола кој бил во Извршен одбор на СДСМ, да бидат избрани за Уставни судии.

Досега не се случило во Уставен суд да има ваков пример на најблиски соработници околу актуелен премиер, партиски соработници да се изберат за Уставен суд. Во минатите 30 години во Уставниот суд имало членови кои имале афилијации кон некоја политичка страна, но во случајот доколку се точни медиумските написи на медиуми блиски до власта кажуваат дека за Уставни судии ќе бидат предложени две лица од кои госпоѓата била координатор на пратеничка група на СДСМ, а господинот бил член извршен одбор на СДСМ, потенцира Димовски.

Тој нагласи дека такво нешто досега во државата во Уставниот суд апсолутно не се случило и дека ова дополнително ќе ја наруши довербата на граѓаните во институциите.

- Народот нема доверба во извршна власт, нема доверба во судство и обвинителство и уште ова фалеше и да си се направи таму друштво на членови на СДСМ и утре да си решаваа кој закон го бива кој не, изјави Димовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk