logo
logo
logo

Димитровски: Да кажеш дека спорот со Бугарија ќе го решиш брзо, значи дека капитулираш и прифаќаш се

Vecer | 20.12.2021

Димитровски: Да кажеш дека спорот со Бугарија ќе го решиш брзо, значи дека капитулираш и прифаќаш се

Со исполнување на бугарските барања, тие исполнуваат вековен идеал, а ние стануваме жртва, вели за „Што не е јасно“ на Алфа, новинарот Предраг Димитровски кој потенцира се што се случуваше досега отвора голем сомнеж дека ќе се прифатат клучните бугарски барања, што ќе биде еднакво на капитулација за Македонија.

- Спорот помеѓу Македонија и Бугарија е стар еден век, можеби и повеќе. Сега тој спор да кажеш дека ќе го решиш за 6 дена а седмиот  ќе одмараш, тоа е илузија и надвор од здрав разум, единствено ако тие дадени одговори не претставуваат отворена капитулација и прифаќање на сите барања како што се дека како народ постоиме од 1944 година и дека македонскиот јазик е западен дијалект на бугарскиот, рече Димитровски коментирајќи ја и изјавата вицепремиерот Артан Груби за брзо решение на спорот.

Според него дека нешто се подготвува во спорот и се работи на прифаќање на условите говори фактот дека не се информирани политичките партии ниту јавноста

- Власта треба да ги информира најголемите политички субјекти во државата. не може ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозиција да не биде информирана за ништо. Колку тоа ќе допре со јавноста, стручната и експертска јавност за да продискутира за проблемот и што е прифатливо. Но, штом нема средба од Пендаровски за одговорите што ги имаат испратено во Софија, нешто се подготвува, рече Димитровски.

Тој додаде дека Бугарија сака да ги кочи сите процеси за Македонија и проблемот станува регионален.

-  Прво тоа го направи Борисов со барањата за спроведување на договорот, а Радев само се надоврзува на тоа. Свикувањето на нивниот национален совет за безбедност, сакаат да му дадат димензија на безбедносна опасност во односите со Македонија, изјави Димитровски.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk