logo
logo
logo

Димитриевски: Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови

Vecer | 15.12.2025

Димитриевски: Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови

Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски.

На крајот од обраќањето по повод двегодишнината на ЗНАМ, Димитриевски потенцира дека на иста линија се и останатите коалициски партнери. 

-Македонија својата мигрантска приказна ја заврши во 2000 година, со завршувањето на косовската криза. Нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија. ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка, а на иста линија се и останатите коалициски партнери во Владата, подвлече Димитриевски.

Претходно, координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека неговата партија јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со која, како што напомена, беа отворени можности за создавање кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk