Караванот на кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во посета на Радовиш,кадешто имаше средби со граѓаните. Тој при тоа даде и изјава за медиумите, во која нагласи декаја презентираат програмата за да го дадат максимуот за Македонија и во непосредни средби да поразговара со граѓаните.
„Воедно сакам да упатам една порака, првенствено до оние кои на минатите избори се именуваа како зелени, а денеска себе си се нарекуваат како европски фронт. Да ги остават милитантните изјави и сето она што на последниот митинг го претставија во јавноста, по страна. Бидејќи со таквите гестови излегуваат од јагнешките кожи и се претставуваат во вистинско светло, какви што се. Скандирањето на УЧК на плоштадот во Скопје дополнително создава негативни емоции кај граѓаните на Македонија и кај македонскиот народ. Од овде сакам да му порачам и на господинот Ахмети, но и на мојот противкандидат Османи, којшто под завеса на голем поборник за европски права, со ваквото делување дополително ја дели Македонија“, рече Димитриевски.
Тој додаде дека пред два дена потпишал Меморандум за соработка со бранителите во Битола, коишто учествуваа во конфликтот од 2001.
„Господине Ахмети, додека бранителите коишто не бранеа во тие моменти, се денеска на дното во општеството, заборавени во целост, вашите припадници, на вашите милитантни структури, се наоѓаат во законодавната, извршната и за жал во независната судска власт. Дополнително по владини кабинети пеат песни и играат фудбал. Тоа што за вас е УЧК, не навлегувам во вашите лични чувства, за нас се нашите бранители. Да ја оставиме таа лоша историја од нашето заедничко живеење на страна и да продолжиме да градиме нови мостови на пријателства, бидејќи Македонија мора и еден ден ќе биде таму кадешто и е местото, каде ние од ЗНАМ суштински се залагаме, во Европа. Но притоа лошите моменти ќе ги помниме и ќе учиме од нив. А ние од ЗНАМ и јас како иден претседател на Македонија ќе работам на комплетно национално единство на македонскиот народ и единство на сите граѓани на Македонија, со взаемно почитување и разбирање помеѓу себе, бидејќи оваа држава им припаѓа на сите, но првенствено на македонскиот народ и сите етнички заедници коишто живеат во неа“, рече Димитриевски.
Претседателскиот кандидат Димитриевски денеска ќе ги посети и Василево, Босилово, Ново село и Струмица каде што вечер ќе има обраќање пред граѓаните.